3 знаци дека не пиете доволно вода

Можеби не знаевте, но жедта не е единствениот показател дека вашиот организам дехидрирал, односно дека му недостасуваат течности. Телото ви испраќа сигнали дека е време за чаша вода на различни начини.

Следните симптоми кои ги претставува физиологот Грег Џастис јасно покажуваат дека сте дехидрирале, па ако ги почувствувате, знајте дека е време да преземете нешто по тоа прашање.

Главоболка

Организмот постојано губи течности, а со неа и соли. Мозокот е чувствителен на тие промени и токму тоа е причината за главоболките. Колку што повеќе течности му недостасуваат на организмот, главоболката е посилна.

„Колку повеќе течности ќе изгубите, тоа повеќе се намалува волуменот на крвта заради што до мозокот допира помалку кислород при што се шират крвните жили и главоболката се влошува“, вели Џастис.

Исклучително жолта урина

Кога урината ќе пожолти време е да прошетате до кујната и да се напиете чаша вода. Урината на луѓето кои пијат доволно вода станува проѕирна, а жолтата боја укажува на тоа дека во урината има премногу отпадни материи.

„Кога сте доволно хидратизирани, токсините и останатите материи лесно се излачуваат од организмот, но ако не пиете доволно вода, тие се задржуваат во организмот“, појаснил физиологот Грег.

Запек

„Водата го помага протокот на материите низ цревата и нивното исфрлање од вашето тело, па ако организмот  не добива доволно течности, ниту вие нема да имате редовна столица“, заклучува Џастис.