3 вкусни рецепти кои се подготвуваат за помалку од 15 минути

Планирањето на ручекот може да ни звучи како тешка обврска, особено кога се чувствуваме уморни од долгиот работен ден. Прегладнети и со недостиг на трпение, често пати решаваме да нарачаме храна однадвор, бидејќи е лесно и брзо решение кое ќе ни заштеди време. Од друга страна, пак, овој начин на организирање на ручекот дефинитивно нема да ни заштеди пари, па некогаш ќе бидеме принудени да зготвиме нешто. Без разлика дали се работи за неделен ручек или пак, за закуска за твоите пријатели, овие 15 минутни рецепти ќе ти докажат дека нема простор за изговори кога станува збор за готвењето храна.

Експресно лепче Маргарит

Маргарита е комбинација од моцарела, лук, домат и босилек и е одличен избор на храна во жешкото, летно време бидејќи сите состојки можеш да ги најдеш свежи во овој период. Овој рецепт е идеален доколку сакаш да направиш брз ручек, закуска за роденден или пак, да подготвиш обично дружење во својот двор. Сè што ти треба за подготовка на овој рецепт, освен горенаведените состојки, е лепче за гиро или, пак, тортилја, маслиново масло, балсамико и сол. Намачкај го лепчето со масло и згмечен лук, потпечи го лепчето неколку минути додека не стане крцкаво. Потоа додај сечкана моцарела, домати и сол и повторно врати го ова во рерната сè додека не се стопи моцарелата. За крај, додади го остатокот од лукот, маслиновото масло, балсамико оцетот и свежиот босилек и уживај!

Пастрмка на италијански начин

Летно зајдисонце, удобноста на твојот двор или тераса, чаша вино или добар коктел и брз специјалитет со риба. Целосен зен момент, достапен за кусо време!

За овој рецепт потребни ти се филети од пастрмка, лосос или туна, зависи што ти е подостапно, и италијанска салца. Прво подготви ја салцата така што ситно ќе исецкаш домати, црвен кромид, маслинки, лук, магдонос и фета сирење и ќе ги измешаш со балсамико оцет, маслиново масло, сол, црн пипер. Зачини ги филетите со сол и црн пипер и зготви ги во масло на средна температура неколку минути додека не стане месото толку меко што ќе може лесно да се одвои со вилушка. Прелиј ја рибата со сосот и препушти ѝ се на прекрасната комбинација од ароми.

Нискокалорична туна-салата

Ако сакаш да започнеш поинаков начин на исхрана со поздрава диета и јадења кои сам ќе ги зготвиш, тогаш ти ја предлагаме оваа идеја. Постојат толку многу диетални рецепти што можеш да ги приготвиш за многу кратко време, но оваа е една од најлесната, освежителна салата од туна со бел грав, сок од лимон, оригано, магдонос и зелен кромид. На ова додади неколку парчиња интегрален леб и овошје како десерт.

Готвењето е рутина која лесно се усовршува и може лесно да се вклопи во твојот секојдневен начин на живот, доколку одвоиш малку време. Летото е идеален период да го започнеш ова бидејќи има најголем избор на свежи состојки. А доколку повеќе ти се допаѓа идејата да јадеш некој специјалитет на море, тогаш ќе те поддржиме и во таа одлука. Тука се Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе ти помогнат да го искористиш крајот на летото како што заслужуваш!