Свеста за здрави навики во секојдневната нега, доведе до создавање на многубројни рецепти кои можеме да ги направиме дома, a кои исто така се и одлични за нашата кожа, бидејќи не содржат парабени, алуминиум и други штетни состојки. Ви претставуваме рецепти за 3 препарати кои може да ги направите сами, а ќе ви послужат за нега на лицето и рацете.
Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки и со нежни движења нанесете ја смесата на вашето лице. Покријте го лицето со влажен пешкир и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте се со топла вода.
Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Измешајте ги пченкарното брашно и млекото и загревајте ги на пареа околу половина час. Оставете ја смесата да отстои од еден до два часа, па потоа процедете ја.
Додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Млекото чувајте го во фрижидер и користете го 7 дена по ред.
Потребни состојки:
Начин на подготовка:
На пареа кремасто измешајте ги брашното, глицеринот и розовата вода. Откако кремот ќе се излади, непрекинато мешајќи додавајте го маслото од роза. Оваа крема за нега на рацете користете ја секојдневно. Чувајте ја во фрижидер, во амбалажа која сте ја зачувале од претходни креми.