3 работи за кои престанав да се замарам

Многу луѓе денес живеат стресен живот кој им носи повеќе негативно расположение отколку среќа  и радост. Но, треба да сфатиме дека на нас останува да одлучиме како ќе се справиме со тоа и што ќе поставиме како приоритет, а од што ќе се откажеме.

Кира Робертсон е 32 годишна мајка на две деца, која работи како медицинска сестра. Ова се работите за кои таа одлучила да престане да се грижи.

Токсичните пријателства

Додека растеме сите сакаме блиски пријатели и сакаме поголема група на пријатели. Но, со тек на време сфаќаме дека многу луѓе за коишто сметаме дека ни се блиски, всушност не ни се толку блиски. Тоа се луѓе кои ни пренесуваат негативна енергија, не се грижат за тоа како се чувствуваме, ниту пак се трудат да ни помогнат. Зошто тогаш ги нарекуваме пријатели?

Таквите пријателства воопшто не ни се потребни, а не ни е потребна ниту негативната енергија која ја носат.

Очекувањата од другите

Сите очекуваат да бидеш мајка, сопруга, убава и добра жена која се грижи за домот, но која излегува и која постојано изгледа убаво и среќно. Тоа не е возможно. Има денови кога навистина мислиш дека ќе се распаднеш. Се грижам да бидам здрава и да се грижам за себе и моето семејство, но не сум во можност да ги исполнам очекувањата на другите.

Признанија и одобренија од другите

Сакам се да биде во ред, да бидам најдобра и забележана. Така израснав. Но, веќе не ми се важни признанијата. Не морам да бидам најдобра, доволно е да се трудам и да давам се од себе.  Не морам да го правам тоа што од мене го очекуваат мојата мајка и мајката на мојот сопруг. Не живеам за нив. Живеам за себе и моето семејство.