3 намирници кои ќе ви донесат енергија оваа пролет

Овошјето и зеленчукот се важни за нашето здравје.

Photo by Pranjall Kumar on Unsplash

Пролетта ни носи можност да се храниме поздраво, а со тоа и да се чувствуваме подобро. Во тоа можат да ни помогнат три намирници.

Лук

Лукот постојано се споменува како суперхрана која е чувар на нашето здравје од многу болести. Тоа се должи на витамините А и Ц, но и моќта да се апсорбира калциумот во нашето тело и да се поттикне синтезата на колаген. Малку е познато дека лукот содржи и флуор кој ги чува и јакне забите.

Киви

Кивите се особено важни како дел од исхраната бидејќи содржат витамин Ц и тоа во многу поголема доза од цитрусните плодови. Тие се одличен извор на калиум и природни влакна, но и лутеин кој ја чува кожата од надворешните штетни влијанија. 

Брокула

Според многу истражувања, брокулата има моќ значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања, така што го намалува нивото на холестерол во крврта. Таа е одлична состојка на многу диети. Најдобро е да ја сварите или пак да ја испечете во рерна со малку сусам. Освен тоа, можете да подготвите и вкусна чорба од брокула.