3 месеци по земјотресите, градинката во Чаир сеуште несанирана

Градинката „Снежана“ лоцирана во Чаир, дури 3 месеци по земјотресите кои го погодија главниот град, сеуште не е санирана и е вон употреба. 

Од општината немаат издвоено пари за санација на објектот, па 300 дечиња се приморани да одат во други градинки. Родителите се незадоволни, велат дека се приморани децата да ги носат подалеку од вообичаено. На дел од нив им било кажано дека санацијата на објектот ќе заврши дури во март. 

Земјотресот ја оштети водоводната мрежа, па пукнатите цевки ги поплавија ѕидовите, на кои сега има влага. Од влагата се кренал и паркетот, па цената за поправката изнесува повеќе од 10 000 евра. Децата кои ја посетуваат оваа градинка биле пренасочени во клон-објекти, а штетат требало да се санира во рок од неколку недели. 

Родителите ја нападнале директорката Наташа Ангелова, која пак вели дека од општината не и префрлаат пари за реновирање, а и не смееле да започнат градежните работи додека трае кампањата за изборите. Директорката вели дека имаат несогласувања со родителите и оти градинката е општинска установа и дека општинта го има последниот збор.