3 големи помрачувања на небото – хороскопот открива што ќе ни биде најтешко во текот на следните денови

Три големи помрачувања ни носат бројни предизвици. Што значи тоа за нас во текот на следните денови?

Моментално сме во период кој носи многу ситуации и нејасни насоки, затоа е важно да останеме приземјени во однос на ова големо помрачување на Месечината. Влегуваме во зона на три големи помрачувања. На 6 јуни нè очекува помрачување на Месечината, а потоа доаѓа помрачување на Сонцето на крајот на јуни.

Јуни ни носи уште едно помрачување, а во текот на целиот овој период почнува и владеењето на Меркур. Накратко, пред нас е многу турбулентен период. Веројатно веќе чувствувате огромна доза напнатост на многу полиња, особено на потсвесно ниво. Многу уверувања ни носат тешки задачи, конфузија и недоразбирање, па ќе биде важно да ги преобликуваме. Кога веќе се приближуваме на помрачувањето, можна е лутина и негативни емоции кои одамна биле потиснати. Доаѓа до намалена способност да ги слушнеме другите, се јавува внатрешниот глас кој ги победува надворешните фактори. Ќе делуваме по чувствата, намалено е влијанието на разумот.

Месечината се сели во интензивната Шкорпија и го носи минатото на површина. Сите ситуации поради кои се чувствувавме лошо, но се потиснати, сега веќе вистината излегува на површина. Нема веќе да имаме моќ да криеме нешто. Месечината активира 3 важни планети: Плутон кој интензивно бара длабински промени, а на површина го вади незадоволството и носи неверојатен немир. Од друга страна, месечината чука и на вратата на Јупитер и го возбудува со своето присуство. Но, тоа не значи дека сè ќе биде негативно. Мораме да се активираме на сите полиња за да мрднеме од мртвата точка.

Не се препуштајте на страстите и првиот впечаток, туку прво видете како ќе се развијат работите. Во деновите на првото помрачување ќе се соочиме со сите предизвици кои нè мачат и ќе биде потребна комуникација. Ќе анализирате и ќе подготвувате нов животен план, кој ова помрачување го бара од вас. Бидете внимателни во однос на комуникацијата и послушајте го своето его. Ова е период на вистина кога ќе ја видиме реалната слика.

Некои препреки се тука со причина и можат да вложат со плод. Прифатете ги и со нив ќе продолжите да растете и созревате.