„2Cellos“ ќе одржат и втор концерт во Скопје

Поради огромниот интерес кај нас, но и во соседните земји, кој не стивнува ниту по веќе распродадениот концерт најавен во рамки на офф-програмата на ТАКСИРАТ, светската атракција 2CELLOS официјално го потврди и својот втор концерт во Скопје и тоа како специјален гостин на главната вечер на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ! На радост на армијата фанови кои не успеаја на време да го резервираа своето место за солистичкиот концерт, маестралните 2CELLOS и покрај неверојатно исполнетиот распоред, на 7. декември доаѓаат во Метрополис Арена.Нивната вуртозност е исклучително атрактивна на концертите, како во престижните концертни арени, така и на најголемите музички фестивали ширум светот, а со настапот и на главната вечер на ТАКСИРАТ, македонската публика ќе има ретка можност да ги доживее двата извонредни перформанси на 2CELLOS,  солистичкиот во рамки на офф-програмата и фестивалскиот сет на главната бина на ТАКСИРАТ.

ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=uT3SBzmDxGk

Супергрупата од двајца, 2CELLOS на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоија целиот свет, со секој свој настап гарантира незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена секаде во светот. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет и особено се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија.Повод за концертите во Скопје е и нивниот нов, трет студиски албум - „Celloverse“ кој го објавија годинава и на кој покрај преработките на светските хитови во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.

„Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во '60-те го гледав Џими Хендрикс“ - вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS.

Со приклучувањето на 2CELLOS во фестивалското финале на ТАКСИРАТ 2015, програмата за 7. декември е комплетирана, а покрај нив на големата сцена во Метрополис Арена ќе имаме чест да ги пречекаме великаните на музичката авангарда LAIBACH, шведската power/heavy метал атракцијаSABATON, жестоките каталонци LA PEGATINA, култниот хип хоп составС.А.Ф. и Тони Китановски Little Big Band и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен MODESTEP за затворање на фестивалот.

Оваа вечер, македонската публика за прв пат ќе има прилика да ги чие во живо Sabaton, La Pegatina и Modestep, актуелните групи кои ја освоија светската сцена токму со своите извонредни настапи. Култните Laibach доаѓаат претставувајќи го својот нов студиски албум „Spectre“ кој се појави по пауза од речиси 8 години и токму со концертот на ТАКСИРАТ ја започнуваат големата Sound of Music 2016 турнеја за овој албум. Македонските претставници пак, хип хоп легендата С.А.Ф. на ТАКСИРАТ доаѓа во полн состав и за прв пат ќе го изведе култниот албум „Сафизам“ во придружба на бенд, и тоа Little Big Band на реномирниот џез мајстор ТОНИ КИТАНОВСКИ.

ТАКСИРАТ е посебен феномен во музичката приказна на Скопје. Сромен и раскошен дел кој илјадници луѓе од Македонија и целиот регион, веќе 17 години го чуваат како скришно место во градот и секој декември го претвораат во свој музички епицентар. Годинава, со шестте најавени концерти, а секој од нив со своја посебност, повторно се собираме заедно во нов музички марш на 17-тата ТАКСИРАТ едиција! Твое време е! На 7. декември, во Метрополис Арена! Преврти го Скопје наопаку!