29 сообраќајки викендов во Скопје, повредени се 24 лица

Едно лице се здобило со тешки телесни поврди, а 23 лица се полесно повреди во 15 од вкупно 29 сообраќајни незгоди случени во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните осум сообраќајки во петокот, во три со полесни повреди се здобиле пет лица, а пет незгоди се со материјална штета.

Во саботата, пак, се случиле 14 сообраќајни незгоди, во осум со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а 13 се полесно повредени. Во во пет е причинета материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје биле регистрирани вкупно седум сообраќајни незгоди. Во три со полесни повреди се здобиле пет лица, а во четири е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 97 возачи  кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, деветмина поминале на црвено светло на семафор, 20 користеле мобилен телефон при возење, а 46 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати биле 73 непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 84 непрописно паркирани возила.