29-годишник прегазен во Штип од млад возач

Млад возач од Штип прегазил свој сограѓанин. 

На 18.09.2022 во 20.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Васил Главинов“ во Штип патничко возило „киа пиканто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(21) од Штип, удрило во пешакот И.Ќ.(29) од Штип, информираа од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.