28 желби и ветувања за мојата најдобра другарка!

Таа е мојата „тука сум секогаш“ другарка. Во добро и лошо. Таа е личноста на која и ѕвонам во 2 наутро плачејќи на цел глас. Таа секогаш успева да ме насмее. Таа е мојата најдобра другарка. Затоа и решив да ги споделам овие 28 желби и ветувања!

1 . Ветувам дека заедно ќе се тешиме со сладолед доколку тој ти го скрши срцто.
2. Се надевам дека ќе најдеш некој кој ќе те заслужува.
3. И ти ветувам дека ќе ти кажам ако не те заслужува.
4. И ти ветувам дека нема да ги поднесувам луѓето кои ти не ги поднесуваш.
5. Особено ветувам дека нема да ти го поднесувам бившиот.
6. Ветувам дека секогаш со тебе ќе ја пијам последната пијачка.
7. Иако во себе се надевам и посакувам дека нема да ти се слоши после тоа.
8. Ветувам дека ќе бидам до тебе за да ја избришам секоја солза.
9. И дека единствен пат кога ќе те расплачам, тоа ќе биде затоа што сме се смееле до солзи.
10. Се надевам дека ќе ти се исполни секоја роденденска желба.
11. И ти ветувам дека нема да бидеш сама за ниту еден роденден.
12. Ветувам дека нема никогаш да престанам да те слушам.
13. Но, се надевам дека ќе престанеш да зборуваш со бившиот.
14. Посакувам да можеш да се видиш себеси преку моите очи.
15. Ти ветувам дека секогаш искрено и директно ќе ти кажувам како стојат работите.
16. Ветувам дека секогаш ќе одам со тебе на места каде што ти е срам да одиш сама.
17. Се надевам дека конечно запознаеш некој супер дечко и тоа наскоро.
18. Се надевам дека децата ќе ни бидат најдобри другари.
19. И ти ветувам дека ќе се менуваме со облека.
20. Ветувам дека никогаш нема да ги објавувам тие фотографии каде што си лошо испадната.
21. Иако не можам да ветам дека можеби некогаш нема да ги покажам кога ќе се собереме сите.
22.Ветувам дека секогаш ќе ти бидам лојална.
23. Ветувам дека ќе ти бидам сестрата што никогаш ја немаше.
24. Се надевам дека животот ќе биде добар со тебе.
25. Ветувам дека ќе бидам твоја најдобра другарка дури и кога ќе бидеме стари баби.
26. Се надевам дека ниту едно момче нема повторно да те расплака.
27. Се надевам дека ќе ти се извинат сите оние коишто те повредиле.
28. Ветувам дека ќе бидам со тебе покрај секој пекол и секој рај кој ќе ти го приреди животот.