28 српски туристи го загубиле животот во Грција за два месеци - Најголеми ризици се срцето и давењето

Дипломатските и конзуларните претставништва на Србија во Грција регистрирале 28 смртни случаи на српски државјани од 1 јуни до 10 август, според податоци на српското Министерство за надворешни работи.

Меѓу најчестите ризици на летување се издвојуваат срцевите проблеми и давењето, особено при високите температури и наглото влегување во студена вода.

Последниот трагичен случај е регистриран на 10 август во Сарти, каде 56-годишен Белграѓанец влегол во разбрането море за да помогне на човек што го повлекувала струја. И покрај обидите за реанимација, тој починал.

Лекарите предупредуваат дека наглиот премин од прегреано тело во студена вода, особено во комбинација со физички напор, стрес, алкохол или постоечки здравствени проблеми, може да претставува сериозен ризик.

Во текот на летото, повеќе смртни случаи на српски туристи биле регистрирани на Халкидики и во други туристички места во Грција.