28 октомври носи промени за секој знак од хороскопот: Што можете да очекувате во овој период?

Со оглед на тоа дека Месечината и Сонцето се во опозиција со Уран во Бик би можеле да наидете на неочекувани промени на полето на финансиите, земјоделството и сите имотни области. Би можело да дојде до некои објави кога станува збор за храната, а можни се и нови плаќања. Сите чуда се можни со ваквите аспекти.

Многу личности би можеле да започнат со нов начин на исхрана, трошење пари и енергија. Симболиката на оваа Месечина е трансформација, стравови, трауми, енергија, но и позитивни промени. Оставете го минатото позади себе.

Ќе ги смирите импулсивноста, немирот, непотребните стравови и напнатоста. Не вреди да се противите на промените бидејќи тие се случуваат и треба да ги прифатите и да продолжите напред.

Овен

За вас, Меркур уште е во вашето поле на договори и партнерски односи па тоа е уште една поддршка за вас, но и од вас кон партнерот. Многу Овни ќе се откажат од некои негативни работи во нивниот живот бидејќи им е смачено да се борат. Други пак ќе научат да бидат пофлексибилни.

Бик

Кај вас, оваа млада Месечина се случува на полето на партнерските односи, како оние професионалните, така и љубовните. Сите кои нема да добиете поддршка од саканата личност, запрашајте се зошто е тоа така. Можеби нешто треба да менувате и трансформирате.

Близнаци

Кај Близнаците, младата Месечина се наоѓа на полето на здравјето, работата и секојдневието. Многу Близнаци тргнуваат со нов начин на исхрана, ќе разработуваат детали кога станува збор за работата и ќе бидат упорни.

Рак

Младата месечина за Раковите е во полето на љубовта, децата, спортот и подароците. Многу Ракови ќе тежнеат за нова љубов, романтика и силна желба да се изразат кога станува збор за емоциите. Отворете го своето срце и прашајте се дали она што го правите ве прави среќни. Семејните односи ќе бидат многу нагласени, па така многу Ракови ќе бидат посветени на семејството и домот.

Лав

За вас, сите случувања се насочени кон семејството, куќата и роднинските односи. Сега е време да се чувствувате сигурни и да ги развивате внатрешните чувства, но и да ја слушате својата интуиција. Многу прашања кои ги поставувате ќе добијат свои одговори. Одличен период за да се направи реорганизација и да се уреди домот. Кај некои Лавови, може да се појават недоразбирања и промени во плановите.

Девица

Кај вас, работите се случуваат во полето на комуникации, учење и сите контакти. Многу Девици сега можат да почнат да учат нешто ново или да се грижат за нешто. Сега е време да се спознае околината во која функционирате. Одредени Девици ќе имаат среќа на тестови или некакво пополнување формулари, но и со комуникацијата. Што и да се случи, не реагирајте импулсивно.

Вага

Кај вас, сите работи се случуваат на полето на финансиите и тоа во ваша корист. Многу Ваги ќе ги насочат своите сетила на повеќе цели што ќе им даде вистинско задоволство. Се создаваат услови за подобра заработувачка и се отвораат можности за многу уживања.

Шкорпија

Кај вас оваа Млада месечина ќе направи да се запрашате каков впечаток оставате кај другите. Многу Шкорпии би требало да поработат на својата комуникација за да не остават впечаток дека се студени и резервирани.

Стрелец

Кај вас, ова Месечина се случува на полето на психата, духовноста и тајните па би можеле да бидете почувствителни од вообичаено. Одредени Стрелци ќе чувствуваат потреба да се изолираат и да ги наполнат батериите, па така да пронајдат душевен мир. Некои работи можат да бидат нестабилни, па не се оптоварувајте да направите многу.

Јарец

Кај вас, оваа Месечина настапува во полето на воспоставување контакти, дружење со пријателите, планирање и групни активности. Сега е време да стекнете сигурност и да го тргнете вниманието од себе на другите. Одредени Јарци можеби ќе доживеат изненадување на полето на емоциите и љубовта. Главна преокупација ќе ви биде работата.

Водолија

Кај вас, Месечината е активна во полето на кариерата и дружењето. Сега сте многу чувствителни и ранливи кога станува збор за успехот. Сега можете да ја оживеете својата кариера или да започнете нешто ново. Важно е да поработите на тоа каков впечаток оставате на партнерите. Многу Водолии можат да очекуваат повеќе ситуации на полето на семејството.

Риби

За вас, доаѓаат нови ситуации кога станува збор за учењето и читањето. Можеби ќе бидете незадоволни со некои ситуации. Одредени Риби ќе го сменат погледот на животот, но нема да престанат да сонуваат. Верата и надежта се ваш најдобар водич низ животот.