28 новозаразени со коронавирусот и уште еден ден без починати

28 лица се позитивни на коронавирусот за изминатото деноноќие, објави Министерството за здравство.

Денеска исто така бележиме уште еден ден во кој нема починати како последица на ковид 19. 

Оздравени се 34 лица, додека пак направени се 2887 тестови. 

Министерството за Здравство на Твитер објави дека има 23 новозаразени, но според нивниот извештај на Фејсбук, се работи всушност за 28 лица и тоа:

• Скопје – 9
• Кичево – 5
• Куманово и Тетово – по 4
• Прилеп и Охрид – по 2
• Штип и Струмица – по 1.