28 километри Шарпланинец придружувал наши планинари на Шар Планина

Иако прв пат ве забележуваат кучињата едноставно ја имаат таа моќ, да препознаат добар пријател. Ако ве намирисаат дека во вас можат да најдат пријател, верувајте дека од нив ќе добиете 100 пати поголемо и поверно пријателство.

Планинарот Јорданочо Цветановски на својот Фејсбук профил сподели јавно, една прекрасна приказна, поврзано со куче Шарпланинец.

Додека тој и неговите пријатели, планинареле на Шар Планина, цели 28 километри имале прекрасно друштво од Шарпланинецот.

Кучето борец

Младо шарпланинче кое нѐ дружеше цели 28 километри низ Шар планина. Иако на почетокот го издавија 6-7 кучиња, а ние навреме реагиравме за да не го растргнат целосно, тоа не се откажа и го продолжи патот со нас.

Си доби и пастрмајлија, сендвич од нас и при секоја сенка, се пикаше под карпа, да се излади. Мислевме дека на Титов врв ќе се откаже, но по 10 минути продолжи со нас.

Што беше интересно. Во моментите кога кучето одеше помеѓу нас, секогаш застануваше, за да помине тој што оди последен и тоа да биде сигурно дека никој од нас не заостанува.

Верност неверојатна!

vernost-neverojatna-sharplaninec-pridruzhuval-makedonski-planinari-celi-28-kilometri-foto-03.jpg

vernost-neverojatna-sharplaninec-pridruzhuval-makedonski-planinari-celi-28-kilometri-foto-02.jpg