28-годишник загина во сообраќајка кај Волково

Младо момче загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера.

На 28.10.2022 во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„60“ и  ул.“58“ во с.Волково, скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило, соопшти МВР. 

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со  повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.