28-годишник си го претепал таткото пред угостителски објект

Гостиварец доби кривична пријава откако си го претепал таткото.

- СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.П.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, информира МВР.

Како што соопшти МВР, на 11.01.2023 пред угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреда.