28-годишник преку интернет им се заканувал на бившата и нејзиниот нов сопруг

28-годишник бил пријавен во полиција, бидејќи преку социјална мрежа им се заканувал на поранешната вонбрачна сопруга и нејзиниот нов сопруг.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 13:00 часот во Полициската канцеларија Пехчево, З.Н.(28) и неговата 24-годишна сопруга, двајцата од пехчевско, пријавиле дека 28-годишниот В.Т., кој е поранешен вонбрачен сопруг на 24-годишната пријавителка, на социјална мрежа им испратил закани.

Известен бил јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.