28-годишник почина во сообраќајка кај Ресен

21-годишник со „мазда“ излетал од пат на магистралниот пат Битола-Ресен.
На 28.11.2022 во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21) од Ресен, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата, соопшти полицијата. 

Со телесни повреди се здобила С.Ш.. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.