
28-годишна скопјанка пријавила физички напад од страна на нејзината 56-годишна свекрва, која исто така ѝ го оштетила возилото.
Од МВР информираат дека вчера во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштетила нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извадила од возило и ја турнала на земја.
При падот, 28-годишната скопјанка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.