28-годишна скопјанка и уште две лица повредени во сообраќајката на Илинденска

На 22.10.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од И.Е.(31) од Скопје и патничко возило „даихатсу“, управувано од С.Г.(52) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.