28-годишен скопјанец загина во сообраќајка кај Велес

Б.Ѓ. (28) еден од мотоциклистите загина, а вториот е во животна опасност по денешната тешка сообраќајна несреќа кај Катланово, на автопатот Скопје - Велес.

Стравичната сообраќајка се случила неколку минути пред 13 часот после наплатната станица Петровец кога двајца мотоциклисти удриле во товарно моторно возило.