28-годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со „БМВ“

МВР со детали за сообраќајната несреќа се случили вчера утрото, на раскрсницата кај „Веро“ во Тафталиџе. 

-На 25.05.2022 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје, известуваат од МВР. 

Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.