273 нови лабораториски позитивни случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица - 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.  

Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Сруга и Виница – по 3, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати  лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Кај сите починати лица (8), се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.799 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-82, Биотек-76, Систина-32, лабораторија Лаор-117, Синлаб-17, Ремедика-16, Плодност-27, Генеа-13, Никоб Лаб-228, ВФВ Медикал-68, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.401.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.