
Вчера во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(27) од Кавадарци.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 27-годишниот П.М. бил уапсен затоа што пред градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.