27-годишна жена е повредена во сообраќајката што вчеравечер се случи на една скопска улица.
- На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од село Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата во днесвниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.