27-годишен стружанец фатен со над 40 паковки марихуана

Лишен од слобода стружанец кај него била пронајдена дрога.

Од МВР информираат дека вчера во 15:25 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.М.(27) од Струга, затоа што при извршен преглед кај него, биле пронајдени и одземени 41 паковка со марихуана.

А.М. бил задржан во Полициска станица Струга и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од таму.