26 годишно момче починало во Кисела Вода додека играло фудбал

Дваесет и шест годишно момче вечерва починало во Кисела Вода додека играло фудбал, објавува а1он.

Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш било повикана брза помош.

Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што констатирале смрт.