26-годишник повреден во тешка сообраќајка во Неготино

Вчера се случила сообраќајна незгода во Неготино, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

-На 07.06.2023 во 14.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(26) од Неготино, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.П. констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.