
Синоќа (05.02.2026) во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од село Зелениково, општина Зелениково, пријавил дека околу 23:10 часот во паркот во село Пакошево, бил физички нападнат од двајца малолетници.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тие употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.