
Две возила се судрија во скопско Бардовци.
Вчера во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„2“ и сервисна улица во село Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.В.(36) од САД, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.А., констатирани во приватна болница во Скопје, соопштија од полицијата во денешниот полициски билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.