26-годишник насилно ограбил продавница во Лојане, украл цигари и пари

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Р.Б. (26) од липковското село Лојане, осомничен за тешка кражба во локален трговски објект.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено вчера околу 15:40 часот, по претходна пријава дека во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јули, осомничениот со употреба на сила влегол во продавница во селото, од каде одзел пари и кутии со цигари.

При преземените полициски мерки, дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.