26-годишна жена и 20-годишно момче тешко повредени откако „сеат“ заби во бетонски столб во Кичево

Две млади лица се повредени откако млада жена излетала од коловозот со „сеат“ и забила во бетонски столб. 

- На 20.07.2026 во 18:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Иван Трпески“ во Кичево, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 26-годишната И.И. од Кичево, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб. Во несреќата, И.И. и сопатникот А.И.(20) од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево, соопштија од МВР за несреќата. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.