26-годишен крадец фатен на дело во Прилеп - украденото вратено на сопственикот

Крадец во Прилеп затекнат при кражба во објект во круг на браварска работилница. Украденото било вратено на сопственикот.

Од МВР информираат дека вчера во 12:15 часот на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, во круг на браварска работилница, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ј.(26) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување на кражба од објектот.

Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава, посочија од МВР.