
26-годишен албански државјанин бил приведен во Гостивар поради непријавен престој во државата.
Како што информираат од МВР, ноќеска во 02:25 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, полицијата го привела Џ.Р. (26) од Република Албанија.
При извршеното алкотестирање било утврдено дека кај него има присуство на 1,19 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.