254 возачи казнети за пребрзо возење на територија на цела држава

Во акциската контрола спроведена вчера на територија на цела држава, санкционирани се 254 возачи. Акцијата се однесувала на санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека од 254 казнети возачи, 11 од нив се возила кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Инаку, 138 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. - стои во соопштението на МВР.