250 евра казна ако направите прекршок со електричен тротинет

Владата на седница усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Законот за прекршоци, со што во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните.

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Казните ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата.