25-годишно лице смртно прегази жена во Ѓорче Петров

78-годишна жена пешак смртно настрада во скопско Ѓорче Петров. 

- На 22.05.2023 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт, информираа од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.