
25-годишник од кичевско смртно настрада во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Охрид.
- На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од село Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од село Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал, известија од полицијата.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.