
25-годишен кривопаланчанец е тешко повреден откако со „мрецедес“ излетал од градска улица.
Вчера во 13:45 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Крива Паланка излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, iинформираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.