25-годишник обљубил малолетно девојче од Кисела Вода со кое бил во врска

25-годишен маж од скопско е пријавен за сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“, откако 48-годишна жена пријавила дека тој извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка.

- На 18 август во 09:00 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.С. (25), постапувајќи по пријавата. Според пријавеното, 25-годишникот бил во љубовна врска со малолетното девојче, информираа од МВР. 

По целосното документирање на случајот, Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 од Кривичниот законик.