25-годишен скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Тешко повреден 25-годишник од скопско Миладиновци во сообраќајна несреќа. 

На 18.01.2023 во 10.20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“, управувано од А.Ф.(57) од с.Сингелиќ и патничко возило „дачиа докер“, управувано од Б.С.(25) од с.Миладиновци, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.