
Скопјанец бил физички нападнат од синот во семејниот двор во Ѓорче. Нападот следел по расправија.
Како што информираа од полицијата, вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријавил дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.М.(25).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.