
Синоќа во 21:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 25-годишниот скопјанец бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.