
25-годишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако со мопед изгубил контрола и паднал на коловозот.
- На 24.09.2026 во СВР Штип е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Радански пат“ во Штип, О.Ј.(25) од Штип, управувајќи мопед, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Во несреќата, А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, соопшти МВР.
При извршениот увид било утврдено дека 25-годишникот го управувал мопедот без возачка дозвола.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип, при што било констатирано дека тој го управувал мопедот без возачка дозвола, се наведува во соопштението на МВР.