Суперхикс слават 25 години од првиот настап во некогашен Доорс Дебармаалски! Токму на истиот ден (3 март 1994 - 3 март 2019)!  

Цели 14 години по легендарниот концерт, повторно во МКЦ Скопје. Недела, 3ти март, 21часот! Најголемите хитови, полна бина гости, специјален амбиент и двочасовно лудило за првата '25ка'!! Ветуваме деќа ќе продолжиме и по 27мата!

Очекувајте нов сингл деновиве! Да живеат СУПЕРХИКС - БАНДА ИНСТРУМЕНТАЛЕ!!

Билети во претпродажба од понеделник (28.01) по цена од 300 денари САМО на Билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk. Бројот на билети е строго ограничен!!!