243 санкционирани возачи во Скопје, 83 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола. 

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.