24-годишна скопјанка претепана од партнерот, ѝ нанел и расекоти

Уште еден случај на родово базирано насилство пријавен во полиција. Млада девојка завршила со расекотини од партнерот. 

- Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена пријавила дека на 04.10.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј., информираа од МВР. 

Тој според полицијата потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.