24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје

Млада охриѓанка пронајдена почината во казино во Скопје. 

- На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното, соопштија од полицијата. 

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.