24-годишен скопјанец починал денес како последица на Корона вирусот

Корона вирусот и понатаму коси млади животи,  24 – годишен скопјанец починал денес на една од скопските клиники. Неофицијално, последици настанати од вирусот се причина за смртта,  а пациентот до сега немал посериозни здравствени проблеми.

Веста попладнево беше споделена и на твитер, каде што исто така е споделена информација дека смртта настанала како последица на откачен тромб. Официјална потврда од Министерството за здравство нема.

Според здравствената статистика во последните 24 часа, 30 лица починаа како последица на Ковид 19, најмладиот од нив е на 29 години.